Поранешниот светски шампион во шах Анатолиј Карпов е тешко повреден и се наоѓа во вештачка комаОваа информација ја објави Telegram каналот 112, а ја пренесоа бројни медиуми во Русија.
Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов е хоспитализиран во Москва со сериозна повреда на главата и моментално е на интензивна нега
Брзата помош наводно го однела во болница, кога бил во несвест и во алкохолизирана состојба.
Според извештаите, по прегледот лекарите констатирале затворена краниоцеребрална повреда и скршеница на левата бутна коска.
Рускиот бизнисмен Андреј Ковалев изјави дека непознати лица го нападнале Анатолиј Карпов на излезот од Државната дума и му нанеле сериозни повреди.
Анатолиј Карпов (71) беше светски шампион во шах од 1975 до 1985 година, кога загуби од Гари Каспаров. Карпов е и трикратен светски шампион според Меѓународната шаховска федерација (1993, 1996, 1998), двократен светски шампион во репрезентацијата на СССР (1985 и 1989 година).
republika.mk