Откако беа обелоденети високите примања на веќе поранешната директорка на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, Фондот за здравствено осигурување изврши контрола на работењето на клиниките во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза. По контролите оставки поднесоа двајца медицински директори и еден организациски и тука сопре работата, се вели во соопштението Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
Она што е клучно во една ваква ситуација кога се доаѓа до информации за нерегуларно, незаконско работење надлежната институција во случајов ФЗО треба да ги објави извештаите за работа. Ова е клучно за да се види која институција и во кои делови е склона на криминално работење.
Транспарентност во работењето се покажува само ако јавноста има пристап до информациите. Во случајов никој нема пристап до извештаите од контролата врз клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза. Оттука се доведува прашањето и дали воопшто ФЗО спровел контроли.
Многу недоречености во контролите, селективност во одговорноста се основ за сомнеж во намерите да се исклучат или спречат во иднина вакви појави. Недозволиво е по објавувањето на неправилностите се да се сведе само на оставки од двајца медицински и еден организациски директор.