ПОЕН: Предлогот на Европската Унија го сметаме за добра рамка за започнување на преговорите

Партијата за општествен и економски наптредок – ПОЕН целосно стои на евроинтегративниот процес на Република Северна Македонија и предлогот на Европската Унија го смета за добра рамка за започнување на преговорите. Фактот што македонскиот јазик без никакви објаснувања и фусноти стои во документот, како и говорот на претседателката на Европската комисија во македонското собрание, јасно укажуваат дека Република Северна Македонија има пријатели во ЕУ кои го почитуваат македонскиот народ и идентитет. Се разбира дека тој пат кон станување на полноправна членка на ЕУ не е без предизвици, искушенија и напори, но е единствениот што нуди светла иднина, благосостојба и просперитет за нашите деца и идни генерации, се вели во партиското соопштение.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Со оглед на тоа дека билатералните прашања повеќе не се услов за напредокот на преговорите, создадени се сите предуслови за непречено одвивање на преговарачкиот процес во кои приоритет имаат вредностите на кои е изградена Европската Унија. Промената на Преамбулата на Уставот и поставувањето на сите граѓан во еднаква позиција и со еднакви можности е „домашна задача“ што требаше да ја корегираме уште со уставните измени во 2001 година.
Партијата за општествен и екононси напредок – ПОЕН како протагонист на мултукултурното општество и интеркултурализмот е горда што го даде најголемиот придонес да Република Северна Македонија ја има првата Национална стратегија и Акционен план за интеркултурализам во Европа, а сме втори во Светот после Канада, со што јасно укажавме дека во областа на почитувањето на различностите, јазиците, идентитетите, културите, па и различните наративи на историјата сме далеку пред многу земји во Европа, а да не зборуваме во споредба со Република Бугарија, кој дури има проблем да ги спроведе и пресудите на Европскиот суд за човековите права во врска со македонското малцинство. Но, само ако бидеме внатре, како рамноправна членка на ЕУ ќе можиме да суштински делуваме да и помогнеме на нашиот источен сосед да ги достигне нашите, а пред се меѓународните стандарди, како и да се оттргне од парадигмата и наративите кои беа карактеристика на XIX век на Балканот.
Партијата за општетсвен и економски напредок- ПОЕН е загрижена поради ниското ниво на демократичност, а посебно од изливите на говор на омраза што деновиве од собраниската говорница го покажуваат пратениците на опозицијата. Една од темелните

вредности и постулати на македонската традиција е тoа да гостинот што ни доаѓа да биде испочитуван и во никој случај да биде навредуван. Недозволиво и за остра осуда се обидите за навредување и говор на омраза кон претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, од страна на собраниската говорница. Ваквите нецивилизациски чинови не носат ништо добро никому, освен што се наштетува на угледот на државата, нацијата, на Собранието и на граѓаните на Република Северна Македонија.
Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН апелира до сите пратеници во Собранието да го сочуваат угледот на највисокиот претставнички дом, угледот на граѓаните и на државата, како и на цивилизиран демократски начин се соочат со сите предизвици што стојат пред ним како народни претставници, кои ги бранат и штитат интересите на граѓаните. Зачленувањето на Република Северна Македонија во ЕУ е втора стратегиска цел на земјата поставена уште од прогласувањето на независноста во 1991 година.

извор: Партија за општествен и економски наптредок – ПОЕН