Дел од пекарниците најавуваат дека од утре, 1 декември, граѓаните ќе може да купуваат леб и за 32 денара. Во наредниот период, како што велат за МИА, ќе има корекција и на цените на другите пекарски производи, веројатно за околу 10 отсто.
Ова се ставовите на претставници од прехранбената индустрија кои од утре, преку „ЕСМ продажба”, треба да добиваат струја по субвенционирана, фиксна цена од 80 евра за мегават час.
Компаниите ја поздравуваат мерката како почеток за целосно решавање на проблемот во нивната индустрија. Тие сметаат и дека регулираната цена на струјата, комбинирана со мерката за маржите во малопродажбата, ќе даде ефект.
Мелничарите и натаму се на ставот дека со активирање на стоковните резерви би се постигнал поширок бенефит.
извор: МИА