АД ЕСМ на 29.11.2022 година произведе 12.636 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 8.080 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.556 MWh.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 4.580 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта и објекти од виталната инфраструктура во државата.
* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 29.11.2022 година.
извор: Влада