(ВИДЕО) ВМРО ДПМНЕ: Стани Таче не се криј позади Цаци, наместо стендап комичар биди маж и прифати избори, секој ден е се полошо

Македонија доби наместо премиер, стендап комичар и дезертер.
Неговите гафови и шеги кои никој не ги разбира говорат за ниското ниво на капацитет на Ковачевски да се носи и да ги решава проблемите на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во истото од партијата додаваат:

Заслугите на овој стендап комичар се Македонија на врвот по мизерија и инфлација, на дното по борба против криминалот и корупцијата.
Велат Ковачевски не се потпишал само на хартијата која не му била ставена на биро, и затоа тој е најдобриот бугарски ас во македонската политика.
Димитар Ковачевски е на мака кој повеќе да го слуша, лидерот во сенка Заев во Струмица, или Али Ахмети од Зајас. Неговото безпоговорно следење државата ја втурна во амбис и проблеми.

Затоа стани Таче не се криј позади Цаци, наместо стендап комичар биди маж и прифати избори, зошто секој ден е се полошо со СДС.

извор: ВМРО ДПМНЕ

видео: ВМРО ДПМНЕ