Македонија на исток граничи со Албанија на запад со Бугарија, катастрофални грешки во учебниците

0
295

Грешките и лошите преводи во новиот учебник по Историја и општество за петто одделение, предизвикаа лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.Во истот е наведено дека Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија. Грешни се и висините на некои планини.

  • Ова е невиден срам, кoj напишал, кој рецензирал и кој одобрил? Треба одговорност за сите…
  • Децата ни останаа неписмени, слепо се препишува и никој не сноси одговорност…- се само дел од коментарите на социјалните мрежи. Засега нема реакција од Министерството за образование и наука.Претходно и учебникот по Историја и општество за петто одделение, чии автори се Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска, а издавач е МОН, предизвика бројни реакции од родители.Како една од грешките што може да се најдат во овој учебник е во Тема 2 – „Населението и за континентите“, каде што пишува дека највисокиот врв на светот, Монт Еверест на Хималаите, е висок 29.305 метри, а во реалноста врвот е висок 8.849 метри.

 

 

24info.mk