TАВ Македонија: Лажна е дојавата за поставена експлозивна направа која ја добивме утрово

0
166

„Согласно информацијата добиена од Министерството за внатрешни работи,
би сакале да ве известиме дека единиците на МВР ги завршија проверките
на Меѓународниот Аеродром Скопје и притоа од нивна страна е утврдено
дека станува збор за лажна пријава за поставена експлозивна направа која
ја добивме утрово.

Би сакале да ја известиме целата јавност и нашите патници дека нема
откажани летови и дека авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје
продолжува по регуларниот распоред.

ТАВ Македонија