По неколкуте напади и демолирања денеска се менува дограмата на бугарскиот клуб именуван по контроверзниот цар Борис Трети, во Охрид.
Инаку отворањето на клубот на 7 ми октомври минатата година предизвика реакции во јавноста, а дел од граѓаните изјавија дека не се против отворањето на вакви клубови, туку против неговото име.
Борис Трети, чие цело име е Борис Клемент Роберт Марија Пиj Станислав Сакскобургготски, станува „Цар на Бугарите“ на 3 октомври 1918 по абдикацијата на неговиот татко Фердинанд, по поразот на Бугарија во Првата балканска војна. По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија. Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Северна Македонија.
Здружението на бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ е регистрирано во Македонија пред една година.
Уште на денот на отворањето на клубот охриѓани покаа дека не прифаќаат ваков клуб под ова име во Охрид. Протести имаше на денот на отворањето. Тие фрлаа со предмети кој новоотворениот клуб. Тие извикуваат: „АСНОМ живее“, при тоа веејќи знаме од Југославија, знамето од Вергина и македонското државно знаме. Откако се фрлаше кон терасата на клубот и прозорците, полицијата се качи на спратот од Амамот во Охрид. Имаше и обид за апсење на демонстрант во Охрид кој заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантот фрлаше со предмет кон клубот.
После неколку денови беше искршена таблата со името на клубот, а во друг инцидент беа искршени и стаклата.
Дали денешната дограма се менува поради општетување, па ќе се стави иста која треба да одговара архитектонски на другите од Амамот кој впрочем е во строгиот центар на Охрид или пак се става дограма од многу појаки материјали останува да видиме.
видео: Охрид 1