Од полноќ ново поскапување на горивата

0
173

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за поскапување на гориавата од вечерва на полноќ.

Цената на бензините се зголемува за 1 денар по литар, додека дизелот ќе се покачи за 0,5 денари по литар.

Така со најновата цена, од вечерва на полноќ ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по цена од 86 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 95 по 84 денари по литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 84,5 денари по литар.

Цената на екстралесното масло се намалува за 1 денар и ќе изнесува 82,5 денари по литар, додека цената на мазутот се зголемува за 0,3 денари, и ќе изнесува 41,3 денари по литар.

фото: Архива