УЖ на ВМРО-ДПМНЕ со хуманитарна акција за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија

Да помогнеме на оние кои им е најпотребно во овој момент. Погодените од земјотресот во Турција и Сирија.
Во овие исклучително тешки и тажни моменти за нив, за семејствата на загинатите и повредените, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ организира пунктови за собирање донации.
Место: Плоштадите на сите градови во Македонија
Време: 11.02 и 12.02 сабота и недела од 12.00-14.00 часот
Во вакви моменти треба да се потсетиме дека можеме со хуманост и солидарност да им помогнеме на овие луѓе кои за миг изгубија можеби и сѐ што имале.
Искрено и од срце посакуваме брзо заздравување на повредените, а овие земји што поскоро да ги санираат погодените места од разорниот земјотрес.
Потребни донации:ЗИМСКА ОБЛЕКА (ВОЗРАСНИ И ДЕЦА)Палто – монткаМантил за дождЧизми-чизмиЏемперПанталониРакавициМарама – ШалБеретка/капаЧорапиДолна облекаДРУГИ МАТЕРИЈАЛИШаторКреветДушек (за шатор)ЌебеВреќа за спиењеКаталитичка греалкаБоцаТермосРачно фенерчеПолнач powerbankГенераторКУТИЈА ЗА ХРАНА (ИЗДРЖЛИВА ХРАНА – КОНЗЕРВИРАНА)ДЕТСКА ХРАНАПЕЛЕНИМАТЕРИЈАЛИ ЗА ЧИСТЕЊЕ И ХИГИЕНАХИГИЕНСКИ ВЛОШКИ

извор: ВМРО ДПМНЕ