More

    Ковачевски: Владата ја следи состојбата во Украина, безбедносната состојба во нашата земја е стабилна, во овој момент не постои дирекна закана за безбденоста

    Македонскиот премиер Димитар Ковачевски преку статус се огласи на Фејсбук во врска со случувањата меЃу Русија и Украина.

    -Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина. Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир. Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбденоста на Северна Македонија. Покрај безбедносната состојбата, владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба, пишува Ковачевски.

    Владата, пишува премиерот, како и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    20.8 ° C
    20.8 °
    20.8 °
    73 %
    0kmh
    0 %
    Sat
    36 °
    Sun
    32 °
    Mon
    24 °
    Tue
    29 °
    Wed
    19 °
    spot_imgspot_img