Султанот Абдул Хамид Втори изградил пруга Солун – Битола за 3 год. – три наши Влади до Жабени градеа 8 години

0
298

Пругата долга 219 километри со која во  за прв пат Битола се поврзала со Солун по железница Османското Царство владеено од Султанот Абдул Хамид Втори, со заем од Дојче Банка ја градело три години. Три премиери на Македонија пругата од Битола до селото Жабени долга 17 километри ја градеа 8 години. Османлиите во тоа време користеле магариња, мазги и коњи за да ја градат пругата, додека владите на Никола Груевски , Зоран Заев и Димитар Ковачески не знаеме каква денешна механизација користеле за 17 километри да ги градат 8 години, од кои една била во Влада на ВМРО ДПМНЕ, а останатире седум години се градело во владите на СДСМ.

Отворањето на пругата од Битола до Жабени, кое власта сака да го прикаже како усех е добро потсетување дека пред два века пругата Битола – Лерин – Солун во должина од 219километри беше изградена за 3 години, а  оваа делница од само 17 километри до грчка граница почна да се обновува 8 години. Градбата ја следеа застои и проблеми со изведувачите, се сменија  две влади и неколку министери за транспорт и врски. Изградбата чини 17 милиони евра, обезбедени дел од европските фондови, а дел од државниот буџет. Но, наместо меѓународно поврзување, возот оди само до Жабени.

ИСТОРИЈА НА ПРУГАТА СОЛУН БИТОЛА 

Железничка линија Солун-Битола – железничка пруга долга 219 км која го поврзува пристанишниот град Солун во Грација со Битола, преку Бер, Воден, Суровичево и Лерин. Линијата била отворена во јуни 1894 година под името Société du Chemin de Fer ottoman Salonique-Monastir („Отоманско железничко друштво Солун-Битола“), кога подрачјето било дел од Османлиското Царство. Делницата од границата до Битола од 2013 до 2019 година не била во функција. Во 2019 година е обновена делницата Битола-Кременица, но и по нејзиното реновирање не е воспоставен меѓународен возен сообраќај преку неа.

Идејата за трансмакедонска железничка линија постоела уште од 1850-тите години. Во јануари 1859 година бил потпишан Меморандум за изградба на пругата Солун-Битола. Кримска војнаКримската војна го нарушила плановите, а по нејзиното завршување приоритет им бил даден на пругите Солун-Митровица и Солун-Деде Агач (Тракија). На 28 октомври 1890 година отоманската Висока порта ѝ дала концесија на Дојче банк за изградба на пруга како огранок од „Ориенталните железници“ (Chemins de fer Orientaux) со можност за понатамошно продолжување до албанско пристаниште.

Била формирана отоманска компанија „Отоманска железничка компанија Солун-Битола“ (Société du Chemin de Fer ottoman Salonique-Monastir) чие седиште било во Цариград. Градежните работи започнале во мај 1891 и биле завршени во јуни 1894 година. До крајот на мај 1893 година, трасата била изведена до Воден, а дел до гратчето Тошин била предадена за експлоатација. Остатокот бил потежок дел заради својата ридеста и планинска конфигурација. Најголем предизвик била висинската разлика меѓу станиците Воден (31 метар надморска висина) и Бладова (481 метар надморска висина) на далечина од само 12 км воздушна линија. Исто така се граделе 13 тунели и неколку вијадукти. По завршувањето, линијата им била дадена на експлоатација на „Ориентални железници“ кои веќе работеле и со линиите до Солун до Митровица и Врање.

По завршувањето на Балкански војниБалканските војни во 1913 година, линијата ѝ припаднала на Грција освен последните 17 км до Битола кои завршувале во СХС Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Грчката влада го купила грчкиот дел на 17 октомври 1925 и тој станал дел од Грчките железници.