На ден 08 и 14.02.2023 од страна на реонските шумочувари од Подружница Лопушник-Кичево, во атарот на село Кнежино, Шумско стопанска единица Дреново, оддел 14, затекнати се лица како со коњи носат бесправно посечено дабово огревно дрво.
По извршената контрола од страна на реонските шумочувари, констатирано е дека дрвата се од бесправна сеча и истите се одземени и пренесени во складот на подружницата Лопушник, во многу лоши временски услови на шумскиот пат.
Против лицата затекнати на лице место ќе бидат поднесени соодветни пријави од страна на службите.