Најдобриот тенисер на светот и неодамнешен победник на Австралија опен Новак Ѓоковиќ деновиве одмара од тениските обврски, а во рамките на одморот дојде и во Србија. Поточно, времето го поминува во Нови Сад, кој го посети за да присуствува на концертот на Жељко Самарџиќ.
Пред концертот се прошета низ градските улици и секако им привлече око на многу минувачи, кои го фотографираа и видеа. Така, еден од минувачите го снимил моментот во кој Ѓоковиќ му дава пари на уличниот музичар, а видеото набрзо станало вирално на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
index.hr