Двајца мажи на возраст од 26 и 34 години биле извлечени живи од рушевините во градот Антакија, по цели 261 час од почетокот на земјотресната катастрофа, соопштија спасувачки екипи од Турција. Информацијата ја емитуваше денеска телевизијата блиска до владата, Си-Ен-Ен Турција, нарекувајќи го спасувањето како „двојно чудо“. Веста не може да се провери од независен извор.
Едниот од мажите инсистирал да телефонира со роднините веднаш по извлекувањето, твитна турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Телефонски повиканиот роднина од радост бил облеан во солзи, што е документирано на видео снимка. Спасениот човек, по пружањето првична медицинска помош во монтажна болница, е пренесен во медицинска установа, напиша Коџа на Твитер.
По правило, луѓето можат да преживеат 72 часа без вода. Оние кои се спасувани по овој рок, тврдат медицинарите, мора да нашле некој пристап до течност во урнатините.
dojce vele