Дури 15 лица се повредени при превртување на автобус од Србија во тешка сообраќајна несреќа која се случи утринава на автопатот 53 во Унгарија, кој превезувал туристи од Белград. Како што раскажал таткото на еден од патниците, се се случило во раните утрински часови.
Мојот син отиде со својата девојка од Белград во Будимпешта да ги помине првомајските празници таму. Ми се јави околу шест утринава да ми каже дека имале сообраќајна несреќа. Ми кажа дека автобусот им се превртел – изјавил таткото.
Потоа додал дека пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот.
Го скршиле стаклото за да ги извлечат патниците, син ми е добро и неговата девојка. На местото на настанот излегле Брза помош и сопственикот на агенцијата преку која патувале, додал тој.
Како што пишуваат српските медиуми, некои патници се вратиле во Белград и не сакале да го продолжат патувањето, а други чекале нов автобус и го продолжиле патувањето до Будимпешта.
Српските туристи вчера тргнале од Србија за Будимпешта, а планот бил да се вратат на 2 мај.
извор: Република