Kумановка нападнала 43 годишен маж со остар предмет, веднаш е приведена

На 23.05.2023 во 05.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Г.И.(40) од Куманово.

Таа се сомничи дека околу 03.20 часот на улица „Гоце Делчев“ со остар предмет го нападнала М.С. (43) од Куманово и му нанела повреда, констатирана во Општа болница Куманово.

Г.И. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Извор: МВР