„Правда за жртвите“ голем транспарент на протестот вечерва за случајот Онкологија

Пред Владата вечерва повторно има протести поради скандалот на Клиниката за онкологија, односно информациите дека персоналот продавал лекови на „црно“ на Косово. Обвинителството отвори истрага за случајот.

„Правда за жртвите“, пишува на голем транспарент кој го носат граѓаните.

„Нема да има социјална правда додека не се понесе одговорност за згаснувањето на животите на луѓето како резултат на корупцијата. Правда за жрвите мора да има!“, гласи пораката упатена од протестот.

Тие извикуваат „убијци“ и ќе се упатат кон Обвинителството. Организаторите нагласуваат дека донесените измени во Кривичниот законик нема да ги аболицираат инволвираните од нивните злосторства.

Пред Владата денеска на протест излегоа студенти од државава кои се против донесените измени на Кривичниот законик, со кој се предвидуваат помали затворски казни за функционери.

И претходно имаше протести за скандалот на Онкологија.

 

 

faktor.mk