ТВ 24: Лога најавил оставка поради законот за амнестија

Министерот за правда Кренар Лога најавил оставка откако и денеска на Влада не му бил прифатен законот за амнестија со кој се растеретуваат затворите, велат за ТВ 24 извори од Влада.

Според истите извори Лога ја напуштил седницата со која раководел вицепремиерот Артан Груби веднаш. Од Влада велат дека дебата за законот имало, но бил вратен на доработка.

извор: ТВ 24