Малата Нина која продаваше крофни за операција на нејиниот татко, сега Србија ја награди на најубав начин

Цела Србија, па и пошироко, ја бодреше малата Нина Нинковиќ (11) од Ветерник кај Нови Сад, која на крајот на јуни пред продавница почна да продава крофни за да собере пари за својот болен татко Зоран.

Доаѓаа луѓе од сите страни за да ја купат најслатката крофна на светот од малото девојче со најблагородни очи, чија љубов кон нејзиниот татко е неизмерна. Парите се собрани за само две недели, а на почетокот на август Зоран замина во Москва, на тамошната клиника на очен преглед. Сега се подготвува за второ патување во Русија, а неговата сопруга, мајката на Нина, Наташа, зборува за прогнозите на лекарите, како и за тоа дали Нина, можеби, повторно ќе продава крофни по улиците на Нови Сад.

Додека речиси цел Нови Сад беше исполнет со крофните на Нина и луѓе од сите краишта на земјата и пошироко, кои чекаа на ред да ги купат, мајката на Нина, Наташа, заедно со нејзината ќерка и другарките продаваа крофни на улица.

 

Тато Зоран, за кого беше започната целата оваа кампања, цело време беше дома и ги криеше солзите. Тој беше горд на својата ќерка.

 

Наташа истакнува дека Зоран до сега не се огласил поради моменталната здравствена состојба, но дека во одреден момент ќе не контактира. Моментално се чувствува добро, и полека ги подготвува торбите за патувањето во Русија.

– На почетокот на август останавме во Москва, на клиниката за која аплициравме. Зоран е подобар и се надеваме дека така ќе остане. Лекарите рекоа дека состојбата може да се одржува со лекови, но сака да доаѓаме пак во октомври, ако треба и во декември, па што почесто. Русите, инаку, се детални, бараат силни анализи, па така и направивме. Секако дека лекувањето ќе трае, да не речам можеби цел живот, но важно е да е добро – вели Наташа.

 

Нина во меѓувреме го „покори цел свет“, најблаго кажано. Нејзината мајка не може да најде зборови да опише што доживеале и што постигнала нејзината ќерка.

 

– Нина е… дар од Бога. Нина направи чудо, но не е свесна за тоа. Таа едноставно нема високо мислење за себе, а според неа сето тоа е нормално. Живее исто како и претходно, но луѓето ја препознаа нејзината енергија, ги препознаа семејните вредности. А тоа навистина ни требаше во овој момент, кога се уште се опоравуваме од трагедијата во Рибникар. Луѓето ни кажаа дека се опоравиле од трагедијата благодарение на Нина, дека таа ги излекувала. Рекоа дека Нина им покажала какви луѓе треба да бидеме. Дојдоа од сите страни и и се поклонија до подот. Ги тешеше луѓето, но не знаеше зошто плачат. Нина е нормална, тивка и нежна девојка. Моја гордост – рекла Наташа.

 

 

noviglas.info