Маж се удавил откако од мост паднал во реката Треска

0
264

На 24.09.2023 во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.А.(41) од с.Шишево, скопско, лице со здравствени проблеми, паднал од мост во селото во реката Треска.

По преземени мерки, полициски службеници од Полициското одделение Сарај, Полициската станица Ѓорче Петров и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го пронашле телото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на семејството.