30-годишна жена претепана од нејзиниот сопруг во Скопје

0
331

Завчера во 12.00 часот во СВР Скопје, 30-годишна жена од Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот сопруг А.В.(40) од Скопје.

Тој ѝ упатил и закани со остар предмет.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.