Пешак прегазен синоќа на „Партизанска“, возачот избегал

0
225

Како што соопшти полицијата, вчера во 21.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило удрило во С.П.(21) од Скопје и го напуштило местото.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

фото: Архива