Стоилковски: Одржување на двојни избори е чекор кој се бараше и очекуваше

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Димитар Ковачевски за одржување на двојни избори потенцираше дека ова е чекорот кој што се бараше и се очекуваше.

-Ова е чекорот што го баравме и го очекувавме со оглед на тоа што споени избори  се единствен логичен расплет на настаните со тоа што ќе се одбегне грч на стопанството и потребата финансиски да се оптоварат граѓаните преку зголемени трошоци за евентуални разделени избори, потенцираше Стоилковски.

извор: ВМРО ДПМНЕ