Пожарот кој денеска избувна во магацин за бои и други хемикалии претставува ризик за здравјето на населението, во воздухот има опасни штетни материи, поради што се препорачува населението во радиус од два километра да не излегува надвор без потреба.
Во гаснењето на пожарот во магацинот „Евроком“ во тетовско Ф.лише, на тетовските пожарникари им помагаа и противпожарните екипи од Скопје, Куманово и Велес.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов нагласува дека поради високата температура постои опасност да се сруши и целата зграда и ѕидовите.