На 20.12.2023 полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп во координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал, по преземени мерки и активности, ги лишиле од слобода В.Б.(34) и Д.М.(22) од Прилеп, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. Имено, на 19.12.2023 на ул.”Кире Базерко” во Прилеп, на барање на В.Б., Д.М. со запалива течност предизвикал пожар на патничко моторно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.М.(50) од Прилеп, за што добил пари од В.Б.. Со двајцата лишени од слобода извршени се службени разговори во полициска станица, при што тие го признале делото. Денеска (21.12.2023) до ОЈО Прилеп е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност” од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Related Posts
Велковски: Потврдивме дека констатираните неправилности во системот за исплата на социјална помош излегуваат на виделина
„Ова што го откривме пред една недела е само еден сегмент од како системот не треба да функционира во една…
АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од…
Бизнисменот Чедо Радомировиќ почина во болница откако повреден беше најден кај село Орман
Во болница починал Чедо Радомировиќ, познат уште како Чедо Радо, дознава ТВ21. Како што веќе беше објавено, тој со повреди…