(ВИДЕО) „Ледената Македонка“ Бетика, се подготвува за експидиција

Таа се нарекува себеси „Ледената Македонка“ или „Ледената кралица“, а сите ја знаат како Бетика, која исто така влегува во студени води чија температура достигнува -34 степени.

Бетика вчера имаше нов предизвик, односно подготовка за нова експедиција. Откако нејзиниот татко користел моторна пила за да го отстрани мразот во езерото Ротин, во Националниот парк Пелистер, таа зачекорила во ледената вода.

„Утрово се подготвував за претпоследниот тренинг пред експедицијата, татко ми го пиеше утринското кафе и ме праша: Може ли и јас да дојдам? Скокнав од радост, секако реков само да се спремам. П.С. Тато го мрази студот. Сите ги спакуваа ранците и тргнавме на пат.

Па и тоа се случи, денес беше убав сончев ден, полека се доближивме до езерото Ротин, се сместивме. Почнав со подготовки, почна аклиматизацијата, почнав да дишам, ги затворив очите и влегов во мојот свет. И тато го следеше секој мој чекор во позадина. Пукав од радост. Го почувствував неговото присуство и едвај чекав да се избањам.

За момент се исклучив, не знаев што се случува во позадина. Бевме само јас и мојот здив. Кога завршив со дишењето, полека ги отворам очите да видам!!! Предизвици во кратки панталони и маица и волнени чорапи, царот веќе ја имаше нацртано својата скица, па ме чекаше да го запалам моторот… Не можев да им верувам на моите очи. Ова беше најдобриот тренинг во мојот живот!“, вели Бетика во дел од објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betika ✨ (@_betika_)

Поврзани вести:

(ВИДЕО) Ледената Македонка Бетика влегува во водите на замрзнато езеро под Пелистер

 

https://news1.mk/archives/100482