Полицијата трага по сторителите кои го освекрнавија споменикот на револуционерот Гоце Делчев во Струмица на 2 месецов.
Непознати сторители со авто лак испишаа пораки врз споменикот, но за вчерашното чествување на 152 години од раѓањето на Делчев споменикот беше исчистен.
Од Општина Струмица го осудија овој вандалски чин и побараа од надлежните да ги откријат сторителите. Споменикот на Делчев во Струмица е најголем во државата и е дело на скулпторот Бранко Конески. Тој е висок е 5,20 метри и е подигнат во 1976 година.
Фото: Општина Струмица