Најновите денешни излези на нумеричките модели за следната седмица укажуваат на тоа дека во југоисточна Европа, вклучувајчи ја и Македонија се очекуваат натпросечни врнежи за таа седмица. Тоа значи дека следната седмица Балканот и Македонија би можеле да се соочат со значително количество на дожд и на снег.
Промената на времето ќе започне уште од понеделник наутро кога ќе се прошируваат врнежи од дожд а на планините од снег. Снежната граница би можела да се спушти до околу, а понекаде и под 1000 метри надморска височина.
Ова би можело да создаде и проблеми на планинските превои следната седмица. Температурите следната седмица значително ќе опаднат.
Токму оваа голема промена ќе ја направи длабок циклон од запад, поточно истиот од Атлантикот ќе пристигне над Џеновскиот залив и ќе добива на сила. Сето ова ќе биде проследено и со силен ветер.
Будно ја следиме состојбата со развојот на времето што се однесува на следната седмица – Понатаму следуваат нови и по потреба обновени анализи, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.