Шведската актерка Ингер Нилсон имала само осум години кога ја добила улогата на култната „Пипи долгиот чорап“. Улогата ѝ донесе светска слава, целиот свет ја запозна како палавото црвенокосо девојче.
Подоцна, таа се појави во уште во неколку филмови и серии.
Педесет и една година подоцна, Нилсон уште ја препознаваат по карактеристичната насмевка и љубопитниот поглед. Денeс, таа има 59 години, среќно е мажена, има две деца и работи како сектетарка.
Пипи долгиот чорап е најпопуларниот измислен лик за деца на шведската писателка Астрид Линдгрен. Книгата за Пипи е преведена на дури 92 јазика. Пипи е необичнио девојче. Некои ја доживуваа како контраверзна. Таа е најсилното девојче на светот, има пеги и црвени плетенки кои стојат исправено. Им се противеше на воразните и живееше без родители во куќата наречена Вила Вилакула заедно со својот коњ, господин Нилсон. Нејзината мајка е на небото, а таткото е крал на еден остров на Јужното море.