(ВИДЕО) Невреме со силен дожд и град го зафати Тетово – Пожарната бара цело Тетово да биде без струја можни се струјни удари

0
178

Попладнево, Тетово беше погодено од невреме со силен дожд и град. Поплавени се повеќе подрумски простории каде интервенираат пожарникарите. Се очекува во следниот период граѓаните да пријават штети.

Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти – соопшти ЦУК.

Под вода е автопатот што води кон Скопје.

 

извор: Република