Денес и утре локална појава на дожд и невреме со засилен ветар

Денес и утре (петок) поради веќе споменатиот продор на малку поладен воздух на висина, во Македонија во попладневните часови се очекува дестабилизирање на атмосферата. Токму ова ќе услови да има локален развој на грмотевични облаци кои ќе условат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Денес во попладневните часови нестабилноста повеќе ќе ја има во западните предели, додека утре попладне локална нестабилност ќе има  и во останатите предели од државава.

Во ваква ситуација, не се исклучува можноста да има  и појава на локално краткотрајно невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.