Кои биле најбогатите луѓе во Југославија – рекордот го држи граѓанин на Скопје

0
14

Многу малку граѓани знаат дека најголемата пријавена заработка во 1988 година доаѓа од Скопје. Во февруари 1989 година, Даночната управа на СФРЈ презентирала прелиминарна листа на најбогати граѓани од претходната година, во која беше наведено дека најголеми приходи пријавиле приватни ресторани, пејачи, композитори на народна музика, претставници на странски компании, фудбалери, ликовни уметници, новинари и универзитетски професори.

Апсолутен рекордер е приватен угостител од Скопје, кој пријавил дека во 1988 година остварил заработувачка од 171 милион динари. Во Белград најголема заработка забележал пејач на народна музика (142 милиони динари), во Загреб претставник за продажба (61 милион динари), а во Љубљана академски скулптор (28 милиони динари).

Интересно е што на оваа листа нема политичари, а вреди да се нагласи и дека даночната основа не беше еднаква за цела Југославија и се пресметуваше според оваа формула: просечен приход помножено со три.

извор: skopjeinfo.mk