(ВИДЕО) Дрога и оружје најдени за време на претрес во Липково, приведени две лица

0
8

При претрес во нивните домови и други простории, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштоли „Црвена Застава“ со 28 куршуми калибар 7,62 мм, еден автоматски пиштол „Шкорпион“, едно пакување со марихуана и едно патничко возило „мерцедес“ без регистарски ознаки, објави МВР.


Лицата биле приведени во полициска станица и против нив е поднесена соодветна кривична пријава по член 396 став 2 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка на А.М. му е одредена мерка притвор, додека на Н.А. му е одредена мерка претпазливост.