Шеснаесетгодишна девојка во Сараево починала по вадење заб, отворена истрага

0
13
Dentist examining a patient's teeth in the dentist.

Шеснаесетгодишно девојче починало во Сараево по операција на заб.

Како што објавија локалните медиуми шеснаесетгодишното девојче заедно со родителите побарале помош. Откако ѝ го извадиле забот состојбата наеднаш ѝ се влошила. Како последица на воспалителниот процес се развила сепса. Во многу тешка состојба итно била пренесена во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево каде што била оперирана, но за жал со трагичен крај.

За целиот случај е информирано Обвинителството и е покрената истрага за утврдување на околностите кои довеле до овој трагичен исход.

.Родителите на девојчето во шок и болка бараат правда и одговорност. Веќе е извршена обдукција, а погребот на девојчето ќе биде извршен утре.