Три лица загинаа и пет се повредени во сообраќајката на автопатот Скопје – Велес

0
28

Три лица загинаа, а пет се повредени во сообраќајката што се случи попладнево на автопатот Скопје – Велес, велат од МВР за МИА. Несреќата е пријавена во 17.45 часот, а до неа дошло откако на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот, се превртело комбе.

-Досега е констатирана смрт кај три лица, а пет се пренесени во болница за укажување помош. На лице место се упатени полициски екипи и јавен обвинител, изјавија од МВР за МИА.

Според АМСМ, поради сообраќајката се блокирани двете сообраќајни ленти на автопатот Скопје – Велес. Сообраќајот е во прекин од 17.45 часот и се пренасочува преку Петровец – Велес (по стариот пат), Миладиновци – Св.Николе – Велес – Штип.