Бродскиот сообраќај е во прекин во двата правца поради маглата што го зафати истанбулскиот теснец Босфор, известува Анадолу.
Генералната дирекција за безбедност на крајбрежјето објави дека бродскиот сообраќај е запрен во двата правца поради густата магла што го обви теснецот Босфор.
Фоторепортерите на Агенција Анадолу изработија прекрасни снимки и фотографии од маглата што го зафати подрачјето на теснецот Босфор во Истанбул.