Судскиот совет го разреши судијата Лазар Нанев, кој 95 пати се слушнал со обвинет во предмет што го водел

0
18

Судијата и поранешен претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев, е разрешен од Судскиот совет.

Судскиот совет донесе одлука јавноста да биде исклучена од расправата за утврдување на одговорноста на Нанев, со цел заштита на неговиот углед и интегритет. Барањето за утврдување одговорност беше поднесено од претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95 повици во период од шест месеци во 2020 годинa.

Во изјава за ТВ21, Нанев истакнал дека не знае.

„Не знам немам информации“, истакнал кратко.