Украинска делегација пристигнала на границата меѓу Украина и Белорусија за да учествува во преговорите со Русија

Украинското Министерство за одбрана преку социјалните мрежи информира дека украинска делегација пристигнала на границата меѓу Украина и Белорусија за да учествува во преговорите со Русија.

Како член од украинската делегација е лично министерот за одбрана Олексеј Резников.

Клучните прашања, како што објавуваат, за кои ќе се водат преговорите се запирање на огнот и напуштање на територијата на Украина од страна на руските воени сили.

-Преговорите ќе започнат штом делегациите ќе пристигнат на местото на средбата, рече Глаз, пренесува РИА Новости.