Денеска во Апелација ќе се оддржи јавна седница за случајот „Таргет и Тврдина“, односно за масовното нелегално прислушување во УБК и уништување на опремата за следење на комуникациите.
Меѓу осудените се и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и вработени во МВР и УБК.
Второстепениот суд ќе ги разгледа жалбите на осудените со првостепената пресуда и може да ја потврди пресудата, да ја преиначи или да ја укине и да ја врати на повторно одлучување.
Пресудата на Кривичниот суд за „Таргет и Тврдина“, беше донесена лани во февруари, а со која порашниот директор на УБК, Мијалков, беше осуден на 12 години затвор, Јанкулоска на 4 години, Никола Бошковски и Горан Грујовски на 15 години, Тони Јакимовски на 6 години, Надица Николиќ на 3 години.