Во СДСМ владее тотална безидејност, па и денес Дарко Каевски ја прочита истата прес конференција на партијата како и вчера, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
Во продолжение на истото се додава:
СДСМ е партијата која против набавка на електрични автобуси, против отворање на фабрика во која ќе се вработат најмалку 500 работници и е против намалување на загадениот воздух.
И сето ова го кажува Дарко, кој е од СДСМ и на 30 години стекнал 4 милиони во банка, и 3 стана.