More

    Светска банка останува посветена на поддршката на приоритетите на Владата

    На денешната 21-ва седница на Владата на Република Северна Македонија беше презентирано портфолиото на Светска банка за Република Северна Македонија за тековниот период, како и за наредната фаза на соработката со оваа меѓународна финансиска институција.

    Во презентацијата на Линда Ван Гелдер, регионална директорка на Светска банка за Западен Балкан и на Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка во Северна Македонија, беше истакнато дека банката продолжува да ги следи приоритетите на Владата, со поддршка којашто од 1991 година до денес изнесува 2,8 милијарди долари.

    Актуелното портфолио на Република Северна Македонија опфаќа 9 големи проекти вредни 480 милиони долари кои опфаќаат проекти од автопатната, магистралната и локалната инфраструктура, проекти за унапредување на образованието, во здравството, како и проекти за социјална инклузија.

    Светска Банка, беше истакнато на презентацијата, заедно со Владата, останува посветена и на континуитетот на поддршката на платниот биланс на финансискиот систем и особено во проекти за инвестирање во човечкиот капитал во образование, социјална заштита и здравството.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    0.8 ° C
    0.8 °
    0.8 °
    75 %
    1kmh
    20 %
    Fri
    3 °
    Sat
    7 °
    Sun
    0 °
    Mon
    -0 °
    Tue
    2 °
    spot_imgspot_img