Во очекување на утрешните мерки што треба да ги објави владата, Телма неофицијално дознава дека најизвесни се два пакети, и тоа намалување на акцизите за нафтените деривати за што има три сценарија, 10, 20 и 30 насто.
Вториот пакет, за кој дознаваме е намалување на данокот за додадена вредност, односно нула ДДВ за храна, струја и парно.
Експертите за Топ Тема велат дека се ова линеарни мерки, а потребни се насочени мерки додека бизнисмените велат дека ова е добар почеток.
извор: Телма