Малолетно дете се здобило со тешки повреди во сообраќајна незгода во Сарај

0
305

Малолетно дете се здобило со тешки повреди во сообраќајна незгода во Сарај.

„На 15.03.2022 во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сарај, скопско, патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.Д.(40) од с.Сарај, удрило во малолетен пешак од с.Сарај“, информираа од МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.