(ВИДЕО) Голем инцидент на фудбалски натпревар во Косово, домашните навивачи го нападнаа гостинскиот голман

0
579

Инцидент се случи во Косово на дерби мечот меѓу Гњилане и Балкани. Имено како што објавуваат косовските медиуми домаќините израмнија во финишот на мечот, а нивните навивачи влетаа на терен и го нападнаа гостинскиот голман.

Фрашери бил удрен неколкупати од страна на навивачите на Гњилане и потоа гостите одбија да го продолжат мечот.

Фрашери веднаш бил однесен во болница, а натпреварот е прекинат.