(ВИДЕО) Голем пожар во центарот на Скопје, гори фабриката „Треска“- се слушнала експлозија

0
388

Пожар во кругот на некогашната фабрика „Треска“ во Скопје. Најнапред се слушнала експлозија, потоа се издигнал црн чад. Повремени „пукања“ или помали експлозии се слушаат и во моментов. Се шири и смрдеа.  На терен засега се излезени шест противпожарни возила. Чадот се гледа од сите делови на Скопје.

Инаку, просторот на некогашната фабрика за мебел стана атрактивен поради својата локација во општината Центар и најавите за изградба на комплекс од згради, на што се противат граѓански организации.