Ковачески: Настанот во Битола ги разбуди духовите од минатото

0
256

Со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме. Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет и македонските граѓани се определени за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства ја загрозуваат таа определба. Имаме стратешка цел за влез во ЕУ, но достоинствено со својата национална гордост и посебност. Вака премиерот Димитар Ковачевски синоќа се обрати до јавноста во врска со отворањето на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов” во Битола, што предизвика голем број реакции во македонската јавност.

Претходно, на брифинг со новинарите, шефот на диппломатијата Бујар Османи во реакција за настанот во Битола, на кој бугарска делегација предводена од премиерот Кирил Петков присуствуваше на отворањето на културен клуб со името на соработник на фашистичкиот режим „Ванчо Михајлов”, кажа дека провокација е името на клубот, а не неговото отворање и оти со ова сигурно е ставена дамка на односите, на разговорите, но оти не може да се дозволи тоа да го урива процесот.

Во исто време, Европската комисија без коментар за контроверзното име на клубот, како и за билатералните услови во процесот на пристапување во ЕУ.

– Од првиот ден на мојот мандат како премиер, реков дека не отстапувам од тоа разговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија да се водат достоинствено и во духот на европските вредности. Кон оваа определба се придржувавме цел овој период. Реализиравме конкректни заеднички проекти, ги подобривме односите и го намаливме говорот на омраза. За жал, со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудија духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме. Оттука, целосно го разбирам и чувствувам гневот на граѓаните во изминатите денови, нагласува Ковачевски во обраќањето.

Нашата држава, додава тој, ја стекна својата независност по Втората светска војна во која граѓаните учествуваа во антифашистичката народноослободителна војна.

Тој верува дека треба да се работи на зајакнување на дијалогот и унаредување на односите меѓу двата народи до конечно решавање на спорот.

 

извор/фото: агенции