Македонија од ММФ бара не 600, туку 900 милиони евра

0
243

Македонија ќе бара од Меѓународниот монетарен фонд најмногу 900 милиони евра како задолжување за надминување на буџетската криза. Со овој заем националниот долг би се зголемил од 61 на 63 до 64 отсто од БДП.

Колку пари ќе одобри ММФ ќе се знае до крајот на неделава, откако нивниот тим ќе ја скенира состојбата и ќе оцени дали ги исполнуваме условите.

Македонија побарала од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) двегодишна линија – Заем за претпазливост и ликвидност таканаречен ПЛЛ. Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд се состанал на 15 април и неформално дискутирале за барањето на македонските власти.

извор: faktor.mk