(ВИДЕО) Мал авион се урна во станбена област во северозападна Турција, загинаа две лица

0
637

– Две лица загинаа кога едномоторен авион денеска се урна во станбена област во градот Бурса, северозападна Турција, соопштија локалните власти.
Во несреќата загинале инструктор и пилот на обука, додека на земја нема жртви.

Според локалните медиуми, авионот се урнал веднаш по полетувањето од аеродромот Јунусели.

Во соопштението на локалните власти се наведува дека во авионот биле само пилотот и копилотот. Камерата во близина успеала да го сними моментот кога се урнал авионот кој паднал во населениот дел на Бурса. По несреќата жителите побрзале да излезат од домовите на улица, а од местото каде што паднал авионот извирал чад.

Бурса се наоѓа на 90 километри јужно од Истанбул.